Од 10 до 16 мај пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од трипати споредено со претходниот седмодневен период

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од 10 до 16 мај пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од трипати споредено со претходниот седмодневен период. Заклучно со 16 мај во државава се регистрирани вкупно 597 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите 44 случаи, пријавени се во рамките на епидемијата во Скопје – 39, па четири случаи од Куманово и еден од Прилеп.

Возраста на заболените се движи од три месеци до 77 години, а најголем број случаи се од возрасната група од пет до девет години. Од новите 44 случаи, пет се хоспитализирани.

„Дистрибуцијата по пол покажува дека 283 лица се од машки пол, а 314 од женски“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Од Институтот потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово.

Од 18 јануари до 16 мај, дадени се вкупно 47.982 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

Share This Article
Exit mobile version