Новозеландската полиција приведе жена во врска со вчерашниот напад со меч врз канцеларијата на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во Окланд

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Новозеландската полиција приведе жена во врска со вчерашниот напад со меч врз канцеларијата на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во Окланд, јави ДПА.
Полицијата соопшти дека е уапсена 57-годишна жена. „Уапсената соработува во истрагата, во овој момент не бараме друго лице”, изјави полицискиот портпарол.
При нападот бил скршен прозорец од канцеларијата на Ардерн, а во зградата бил издуван чад, јавуваат локалните медиуми.
Нема информации за повредени, бидејќи во моментот на инцидентот во канцеларијата немало луѓе.
Ардерн моментално е на Антарктикот на одбележување на 65-годишнината од создавањето на научната станица База Скот во Нов Зеланд (именувана по британскиот поларен истражувач Роберт Скот), како и за првата целосна сезона на антарктичко истражување и акција за зачувување на животната средина по двегодишен прекин поради Ковид.
Share This Article
Exit mobile version