Носела иста венчаница како онаа на Грејс Кели

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Внуката на легендарниот пејач Ѓорѓе Марјановиќ, Ана Прелевиќ застана на „лудиот камен“. Свадбената церемонија се одржа во Грција, а невестата ги воодушеви сите со венчаницата.

Ана се омажи во Грчката православна црква за Никитас Номикос, познат бизнисмен од оваа земја.

Ана најголемиот дел од животот живее во Грција, иако е родена во главниот град на Србија.

Оваа убавица е ќерка на познатиот српски кошаркар Бане Прелевиќ, кој кариерата ја изгради претежно во Грција.

Пријателите и семејството на Ана споделија повеќе фотографии од прославата и црковната церемонија на Инстаграм, за да ѕирнеме и да видиме каква била атмосферата на најважниот ден од нивниот живот.

Заносната Ана носела долга бела венчаница од тантела, еден од оние модели кои девојките не го избираат толку често во последните години.

Поради тоа сите погледи беа вперени во неа и кон нејзината бајковита венчаница. Овој модел на венчаница по малку потсетува на една од најпознатите венчаници во светот.

Онаа што ја носеше легендарната актерка Грејс Кели, кога се омажи за принцот Рение Трети и стана принцеза од Монако.

- Advertisement -

 

Можеби најтрогателниот момент на вечерта бил кога Ана и нејзиниот татко Бранислав Бане Прелевиќ танцувале на познатиот хит на Ѓорѓе Марјановиќ – „К’o некад у осам“, кој е еден од најголемите хитови на нејзиниот дедо.

Внуката на Ѓорѓе Марјановиќ и Никитас Номикос се во врска од 2020 година, а се свршија минатиот јуни.

- Advertisement -

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Share This Article
Exit mobile version