Неименувано девојче од Долна Саксонија, Германија, испратило вознемирувачко писмо за Дедо Мраз на адресата на инфлуенсерот Александар Шенен од Вестфалија во Германија

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неименувано девојче од Долна Саксонија, Германија, испратило вознемирувачко писмо за Дедо Мраз на адресата на инфлуенсерот Александар Шенен (34) од Вестфалија (Северна Рајна) во Германија. Во писмото имало застрашувачки цртеж на кој се прикажани деца во неволја, објави Сан.

Заедно со својот тим, Шанен пренаменил магацин од 1.000 метри квадратни во „Божикна фабрика“, со идеја да им ги испрати посакуваните подароци на децата кои ќе му напишат писмо на Дедо Мраз.

Едно од писмата, пристигнати на адресата, било од девојче кое било малтретирано од нејзиниот 67-годишен дедо . Жртви се, како што напишало девојчето, не само таа, туку и нејзините двајца браќа и сестра, како и нивната мајка, а подоцна се покажало дека децата се на возраст од 10, 12 и од 14 години.

 

Таа побарала нејзиниот дедо да биде казнет за она што го направил на мајка ѝ, нејзините браќа, сестра ѝ и на нејзе.

„Би сакале тој да разбере дека она што го направил е погрешно … и никогаш повеќе да не нè допре – одвратно е. Толку би било убаво кога повторно би се смееле како некогаш и едноставно би заборавиле на сето она што нè повредило“.

Врз основа на неговите зборови, може да се заклучи дека жртвата на насилникот е и мајката, која има 32 години, иако не е јасно дали насилникот е нејзиниот татко.

На цртежот кое го испратило девојчето, заедно со писмото, се гледаат три деца во солзи со нивниот дедо насреде.

 

- Advertisement -

Александар и неговиот тим биле ужаснати од писмото на ова девојче.

– Кога го прочитавме тоа, одеднаш запре сè. Како некој да го притиснал копчето за стоп. Тоа беше момент на шок – изјавил тој за локалните медиуми.

- Advertisement -

 

Веднаш повикале полиција која против мажот започнала постапка за сексуална злоупотреба. Според извештаите, неименуваната мајка потврдила дека содржината на писмото на девојчето е точна.

– Тука сме бидејќи децата му пишаа на Дедо Мраз дека дедо им ги малтретира – наводно рекле полицајците кои отишле во куќата на девојчето.

Се огласи и Ханс Кристијан Волтерс од јавното обвинителство во Брауншвајг, кој соопшти:

„Мажот наводно сексуално ги малтретирал своите внуци (10 и 12) во текот на подолг временски период и ја силувал мајката на децата неколкупати во текот на најмалку три години.

Во меѓувреме, мајката на девојчето го пријавила 67-годишниот кој во јуни беше осуден за сексуален престап, пренесуваат бројни германски медиуми. Од друга страна, пак, осомничениот засега не се огласил.

Ова е писмото на девојчето во целост.

„Драг Дедо Мраз,

Се надевам дека сте добро и дека имате многу радост во вашата работилница. Знам дека сте многу зафатен со читање писма во моментов. Не сакам многу нешта, само едно нешто кое е многу важно за мене и за моето семејство. Мојата најголема желба е дедо ми да биде казнет за тоа што ѝ го направи на мајка ми, на моите браќа, на сестра ми и мене. Посакуваме да сфати дека згрешил и повеќе да не нè повредува. Би било многу убаво кога повторно би се смееле како порано и едноставно би заборавиле на сето она што нè повредило. Другата желба би била еднаш да ја посетиме вашата работилница. Многу би нè израдувало да видиме како се прават сите подароци“.

 

фото: HeiLender – X profile
Share This Article
Exit mobile version