ДУИ бара предвремени избори зашто смета дека треба да се смени политичкиот курс во земјава

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара предвремени избори зашто смета дека треба да се смени политичкиот курс во земјава.

„Актуелната Влада, која без сомнение го постигна највисокото ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција во толку краток временски период, се претвори во симбол на неуспех и недостиг на одговорност пред граѓаните на земјата. Блокадата на процесот на европска интеграција и нападот врз Охридскиот мировен договор, кој предизвика тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација за внатрешната стабилност. ДУИ смета дека единствениот излез за спас на европската иднина на земјата е оваа Влада да отвори пат за враќање на мандатот кај граѓаните преку нови, предвремени избори. Граѓаните заслужуваат одговорна, способна и посветена Влада која ќе работи во нивен интерес и ќе ја води земјата напред на патот на развојот и европската интеграција“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Партијата ги повика „сите прогресивни сили и граѓаните на земјата да се обединат во оваа борба за враќање на надежта и перспективата во нашата земја.“

Оттаму велат дека Македонија се нашла во центарот на вниманието на меѓународните организации, „претворајќи се во еден од главните приоритети на Европската заедница за управување со кризи.“

„Оваа состојба јасно го потврдува неуспехот на оваа Влада да ги адресира клучните предизвици со кои се соочува земјата и итната потреба од промена на политичкиот курс“, се додава во соопштението.

Share This Article
Exit mobile version