Маск најави илјадници ѕвездени бродови на Марс, но има еден услов

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
X (formerly Twitter) CEO Elon Musk leaves a US Senate bipartisan Artificial Intelligence (AI) Insight Forum at the US Capitol in Washington, DC, on September 13, 2023.,Image: 805123514, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Американскиот милијардер Илон Маск  објави дека ќе испрати 5 вселенски бродови на Марс за само две години, но како што вели се сомнева дека тоа ќе го направи ако победат демократите во САД.

„На крајот ќе има илјадници ѕвездени бродови кои ќе одат на Марс. Тоа ќе биде прекрасна глетка“, пишува  Маск на платформата Икс.

Неговата компанија SpaceX стана примарен шатл на НАСА до Меѓународната вселенска станица и во изминатите две децении постигна големи резултати.

Маск вели дека е фрустриран од тоа колку бирократијата во САД го ограничува.

„Една од моите најголеми грижи во моментов е дека програмата Starship е задушена од планина од владина бирократија која расте секоја година“, нагласи тој.

Мултимилијардерот и поддржувач на Доналд Трамп изјави дека уште еден мандат на демократите на чело на државата ќе ја „уништи“ програмата за патување на Марс.

-Никогаш нема да стигнеме на Марс ако Камала победи – рече Маск пред неколку дена.

Сепак, тој е уверен дека неговите беспилотни бродови можат безбедно да стигнат до Марс за две години, додека мисии со екипаж би можеле да стигнат до Марс до 2028 година. Тој претходно изјави дека би сакал да види самоодржлива колонија на Марс за само 20 години.

Share This Article
Exit mobile version