Научници од Јапонија открија честички штетни за човековото здравје во облаците: Се знае од што се направени

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Научниците во Јапонија спроведоа истражување и открија дека во облаците има микропластични честички кои се штетни за здравјето на луѓето, пренесува Anadolu.

Истражувањето е спроведено на Универзитетот Васеда во Јапонија.

Научниците собраа примероци од облаци на надморска височина од 1.300 до 3.776 метри на планините Фуџи и Ојама и ги испитуваа со напредни техники за снимање.

По тестирањето на примероците, во облаците се пронајдени девет различни видови полимери.

Истражувачите откриле дека во секој литар водена пареа во облаците има просечно од 6,7 до 13,9 микропластични честички и подвлече дека оваа ситуација може да влијае на климата.

„Доколку не се реши проблемот со загадувањето на воздухот со пластика, може да се појават климатски промени и еколошки ризици кои во иднина ќе предизвикаат сериозна неповратна штета на животната средина“, вели еден од истражувачите Хироши Окочи.

Детални резултати од истражувањето беа објавени во списанието „Environmental Chemistry“.

Share This Article
Exit mobile version