На Конвенција ќе се бира кандидатот за претседател на државата

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски. Воедно отпочнаа и подготовките за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, при што изборот ќе се одржи на Изборна конвенција која ќе се случи на 2 март 2024 година во Скопје.Ова вечерва го соопшти Александар Николоски, потпретседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кој порача дека и на претседателските и на парламентарните избори очекува историска победа по која ќе се случат промените во Македонија.

– Победата ќе биде силна и убедлива затоа што Македонија заслужува промени и состојбата никогаш не била потешка и подраматична за нашата држава. Имаме класично неспособна влада на ДУИ со подизведувач СДСМ која 8 години ја турка земјава во провалија. Сликата на власта се тендери во четири очи, неказнета и несанкционирана неспособност, криминал, црни листи, корупција од најниско до највисоко ниво. Урнисана економија, сиромаштија и инфлација. Ова е мака и за Македонците и за Албанците. И за Србите, Власите, Бшњаците, Ромите и сите луѓе во Македонија. Имаме банди кои управуваат со одлучувачките процеси и како што тие велат се рамо до рамо со највисоките функционери од владата. Имаме токсична атмосфера произведувана само од власта преку прокси истурени платеници кои имаат за цел создавање раздор во националното ткиво.
Ова се дилемите и состојбите. Одговорот е народот. Зад параванот и силата со волјата на секој граѓанин и заокружувањето на неговиот избор на гласачкото ливче. 24 април и 8 мај се датумите кога народот мора да излезе масовно и организирано на избори. Не се гласа само за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ или ДУИ, тука се гласа за тоа дали ќе има промени или ќе остане стагнација и назадување. Дали Македонија ќе има иднина или ќе имаме држава на колена без систем и вредности како сега. Промените ќе бидат толку големи колку што ќе биде победата голема и убедлива. Одиме на огромна и јасна победа. Да се здружиме сите незадоволни од оваа власт. Сите кои сакаат промени и да се обединиме околу платформа која има иднина за Македонија, Важно е да има големи и крупни промени – истакна Николоски.

Share This Article
Exit mobile version