Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article
Exit mobile version