На Фејсбук профилот на гитаристот на групата ЈУ Петар Јелиќ се појави тажна објава во која тој се прости од својот татко Раде кој почина

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На Фејсбук профилот на гитаристот на групата ЈУ Петар Јелиќ се појави тажна објава во која тој се прости од својот татко Раде кој почина, објави српски Курир.

„Нашиот капитен,

Плови и нека те носат добрите ветрови. Ти благодарам за секој допир, сета љубов, секој совет и секој момент. Беше чест да те имам за татко и пријател. Погребот ќе се изврши на 21 февруари, во среда на Земунските гробишта. Погребот започнува во 13:30 часот. Мојот чачос – Радован Јелиќ“, напиша Петар, а многумина во коментарите изразија сочувство.

Радован е брат на Драго и Жика Јелиќ, а во младоста настапувал со нив, за подоцна да избере поинаков животен пат.

Неговиот син Петар ја продолжи семејната традиција со тоа што во 1992 година стана член на групата ЈУ.

Share This Article
Exit mobile version