На Аеродромот во Кишињев пукал Таџикистанец – Откриен идентитетот на напаѓачот кој уби двајца полицајци

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државјанин на Таџикистан на 43-годишна возраст е човекот кој денеска отвори оган на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев, двајцата загинати се полицајци, а еден цивил е ранет – објави молдавскиот премиер Дорин Речеан.

Напаѓачот отворил оган на терминалот, но подоцна бил ранет и уапсен во полициска акција. Во моментов се наоѓа во болница, напиша премиерот Речеан нa Фејсбук.

Како што пренесуваат светските агенции, напаѓачот пристигнал од Турција со авион, а потоа му бил одбиен влез во земјата. Додека бил придружуван од гранични службеници, тој успеал да му го грабне пиштолот на еден од нив и почнал да пука. Зел неколку патници како заложници и успеал да се забарикадира во една од просториите. Сепак, полицијата успешно реагирала и го совладала напаѓачот при што го повредила. За време на акцијата сите летови беа откажани, а патниците евакуирани.

Share This Article
Exit mobile version