МВР – Извадок на дел од дневните настани 17.05.2023

By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 16.05.2023 во 19.40 часот  на улица „Мислешевски пат“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга го лишиле од слобода Б.Б.(42) од Струга, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.05.2023 во 14.25 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода А.П.(23) од охридското село Куратица, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Скопје – ЕВР Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против С.И.(63) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 02.03.2023 во казино на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот со закана со пиштол кон вработениот одзел пари од дневниот промет. По преземени мерки и активности тој бил лишен од слобода и со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом. Со кривичната пријава С.И. бил изведен пред судија на претходна постапка, од чија страна на лицето му е одредена мерка домашен притвор.

На 16.05.2023 во 12.00 часот на подрачјето на Струга, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ го привеле А.Т.(37) од Република Албанија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ казниво по член 229 од Кривичниот законик и илегално преминување на државна граница казниво по член 9 од Законот за гранична контрола. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 132 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место.

На 16.05.2023 во 22.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот гостиварец Н.А., удрило во 65-годишниот пешак С.Т, исто така, од Гостивар, по што го напуштило местото, но возачот набрзо бил пронајден и приведен. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

На 16.05.2023 вo 11.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, товарно возило „фиат фиорино“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.Р.(53) од Скопје, удрило во пешакот Е.Х.(37). Во несреќата Е.Х. се здобил со  тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 16.05.2023 во 15.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ во Битола, Б.Ќ.(18) од Битола, управувајќи мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата, Б.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

- Advertisement -

На 16.05.2023 во СВР Битола, П.Т.(83) од Битола пријавил дека на ул.„Крстин Чулаковски“ во Битола бил каснат од куче скитник.

Share This Article
Exit mobile version