Музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на НУ Национална опера и балет и НУ Танец на 14.12.2023, 21.00 ч

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На барање на публиката на сцената на Националната опера и балет на 14 декември 2023 со почеток во 21.00 часот ќе се одржи музичко-сценскиот спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на НУ Национална опера и балет и НУ Танец.
Повеќе од 130 учесници на сцената, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на Танец. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, заедно со оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.
Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост, добија уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво.

Share This Article
Exit mobile version