„Морничаво, чувај се од црна магија“, порачаа обожавателите

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На социјалните мрежи се споделува бизарно видео кое набрзо стана вирално. Додека пејачката Кети Пери танцувала и пиела пијалак на сцената на клубот, се случил необичен инцидент. Зад пејачката, која имала пуштена коса, висел еден прамен од екстензиите за коса. Непознат обожавател ја искористил можноста и, без многу двоумење, ѝ го повлекол праменот од главата без славната пејачка воопшто да го забележи, пишува „Унилед“.

Но, приказната не застанува тука. Наводно, обожавателот подоцна го врамил тој прамен и го поставил на ѕидот од својот дом. Видеото од инцидентот, кое сега има над 9 милиони прегледи на социјалната мрежа Икс, предизвика лавина реакции.

 

„Многу морничаво, ова е напад“, „Не ме интересира, ова е вознемирувачко и е чудно“, „Морничаво, чувајте се од црната магија“, се само дел од коментарите.

Некои, пак, од друга страна, истакнаа дека обожавателот ризикувал да искубе вистински прамен од косата на Кети.

„Начинот на кој што го направи тоа, без никаков труд“, „Би го продал тоа и никогаш повеќе не би морал да работам“, „Искрено, и јас би имал желба да го направам тоа бидејќи праменот беше нерамномерен и онака веќе испаѓаше“, „На некаков начин барем и ја поправи фризурата“, пишуваат во коментарите.

Share This Article
Exit mobile version