Мицкоски: Не се откажувам од распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители како реформа

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не се откажувам од распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители како реформа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по потпишување на договор за франшиза на Тиквеш инвест со хотелот „Холидеј Ин“ во Кавадарци.

Мицкоски во одговор на новинарско прашање посочи дека чека предлози за реформи во судството, како и дека постојат икслучоци на корумпирани обвинители и судии кои им овозможуваат на неколкумина криминалци да мислат дека се над законот, но сепак, вели дека тоа не е генералната слика.

– Очајно молам за предлози за да не биде довербата кај граѓаните два процента во правосудството, да не бидат криминалци чесни граѓани, а чесните граѓани да бидат криминалци. Зошто? Затоа што имаме исклучоци на корумпирани обвинители и судии, тоа не е генералната слика, да се разбереме. На овој народ му е преку глава да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, затоа што неколкумина криминалци мислат дека се над законот, а тоа им го овозможуваат овие институции затоа што се таму благодарение на тие неколкумина политички криминалци и вистински криминалци. Јас толку знам – посочи Мицкоски.

Доколку бидат понудени подобри решенија, тој нагласи дека е подготвен да разговара, бидејќи, според него, нискиот процент влијае и на инвестициите во земјава.

– Подготвен сум да разговарам со секого. Секој оној којшто има некаква идеја нека дојде, подготвен сум да го сослушам. Само да не ми се појавуваат експерти вечни чиишто потоа презимиња случајно се појавуваат како нови членови на Судскиот совет. Такви експерти вечни ги знам нивните методи, ете тие нѐ доведоа до овие 2 процента – рече Мицкоски.

фото: МИА

Share This Article
Exit mobile version