Кривата кула од Партизанска сепак ја исправија

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Скопјани останаа без кривата кула на Партизанска, бидејќи откако стана вирално видеото со накривениот семафор кој беше потпрен со бетонска плоча, градските власти по неколку часа реагираа и го отстранија проблемот.

Како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи и во медиумите стана вирално видеото од семафорот раскрсницата во Карпош во непосредна близина на „Румунска“ болница, а кој беше потпрен со бетонска плоча за да не падне.

Неколку часа подоцна на социјалната мрежа Инстаграм беше споделена фотографија како вработени од ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот семафор, а со тоа ја отстрануваат опасноста истиот да не падне насреде улица и да предизвика поголема штета.

Инаку да потсетиме вчера лицето кое го снимило видеото во него говори дека не е потребно да отидете во Пиза за да ја видите кривата кула, доволно е да тркнете до Карпош каде што може да се види ова ремек-дело.

– Македонска конструкција, братче. Гледај си ставил бетон за да го потпре семафорот. Слушај, каква кула во Пиза, гледајте го ова. Златен семафор тука во близина на салата „Борис Трајковски“, вие ќе одите во Пиза, дојдете тука да се сликате – говори Влатко Иљачев на својот профил на ТикТок.

Share This Article
Exit mobile version