Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, собраниски седници ќе има само во итни случаи

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот.

Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември.

– Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај – велат за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Од почетокот на работата на овој параламентерен состав на 28 мај се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.

Share This Article
Exit mobile version