Ковачевски смета дека враќањето на поранешниот премиер е депласирана тема

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не сум имал состанок со поранешниот претседател на СДСМ (Зоран Заев), по состанокот којшто го имавме на телото за стратегија на СДСМ, каде членуваат и поранешни претседатели, секретари и така натаму, ниту пак сме имале состанок заедно со генералниот секратер (Миле Зечевиќ) – изјави премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– За враќање на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ (Никола Груевски), сметам дека е депласираната тема, од аспект на тоа што прво за него има потерница и треба да се врати во Македонија, меѓутоа треба да се врати за да се соочи со правдата, согласно македонските закони и согласно она што е донесено за него од независните судски ограни.

Во однос на комуникацијата со судските органи јас сум кажал и пак ќе повторам дека немам никаква комуникација со правосудните органи, бидејќи сметам дека тие треба да работат независно, освен ако се сретнеме на некој настан, каде нормално ќе се поздравите, зашто претставувате различни власти во земјата.

Затоа сметам дека сите овие теми се интересни за слушање и читање, но сметам нема основа за тие да бидат реална политичка дебата во државата – рече Ковачевски.

На прашање дали Зоран Заев се подготвува да биде кандидат на СДСМ за претседател на државата на претстојните избори, Ковачевски рече дека за претседателски кандидати СДСМ има дефинирана процедура и секој член на партијата, кој според Статут ги исполнува критериумите, може да се кандидира или да се самокандидаира, а потоа преку партиските органи и тела, се врши изборот. Процесот не е започнат, но сите кандидати имаат шанси да ја добијат кандидатурата, па и Заев.

Тој исто така не гледа ништо спорно ако Заев, како поранешен претседател на партијата и премиер, или како претседател на Фондација, одржи прес конференција и ѝ се обрати на јавноста.

Share This Article
Exit mobile version