Коментаторите играчите ги нарекуваа „северномакедонски“

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денешното гостување на Македонија ЃП во Софија кај ЦСКА донесе тешка провокација од приврзаниците на „армејците“ кон фудбалерите од Ѓорче Петров, пишува бугарски Д Спорт.

Во ек на затегнатите односи на Македонија и Бугарија и негирањето на македонскиот народ и македонскиот јазик од страна на источниот сосед, денеска на „Бугарска Армија“, приврзаниците на ЦСКА ги дочекаа фудбалерите на Македонија ЃП со скандирања – Бугари, Бугари.

Според информациите на „Д-Спорт“, фудбалерите на Македонија ЃП ги игнорирале повиците и воопшто не изреагирале на големите провокации од страна на приврзаниците на противникот.

Исто така провокации имаше и од бугарските коментатори каде што еден од нив играчите на нашиот прволигаш ги нарекуваше „северномакедонски“, додека друг го објаснуваше името на клубот при што рече дека „Ѓорче Петров е бугарски револуционер“.

Инаку, по одиграните 0-0 во Скопје и пријатната атмосфера каде што немаше никакви провокации од нашите навивачи, екипата на Македонија ЃП загуби убедливо со 4-0 на реванш средбата во Софија. После првото полувреме водеше домаќините со 1:0, голот беше дело на Матеј после асистенцијата на Маурисио во 31 минута од средбата на стадионот „Бугарска Армија“.

Предноста ја зголеми Јомов во 61 минута, а асистентот на тој погодок Туфегџиќ стрелаше за 3:0 во 78 минута. Конечниот епилог го постави интернационалецот од Хаити, Назон, во 87 минута за убедлива победа на ЦСКА Софија од 4:0.

Share This Article
Exit mobile version