Ќе се преземат неопходните мерки за одбрана правата на компаниите

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кина изразува силно незадоволство и се спротивставува на планот на ЕУ за воведување привремени царини за увоз на кинески електрични возила, соопшти кинеското Министерство за трговија, истакнувајќи дека потегот на ЕУ ги игнорирал фактите и правилата на Светската трговска организација (СТО), политизирајќи економски и трговски прашања.

-Кина апелира до ЕУ веднаш да ги исправи своите лоши потези, да го спроведе важниот консензус постигнат на неодамнешната трилатерална средба Кина-Франција-ЕУ и да ги реши економските и трговските несогласувања преку дијалог – изјави портпаролот на Министерството за трговија.

Тој додаде дека Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за одбрана на легитимните права и интереси на кинеските претпријатија.

Share This Article
Exit mobile version