Калуѓерка се коцкала со 800.000 долари

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Калуѓерка од сестринскиот ред на Свети Јосиф од Карондел, која беше и директорка на католичко училиште во Калифорнија, е осудена на една година затвор поради финансиска злоупотреба.

Американската калуѓерка Мери Маргарет Кропер пренасочила повеќе од 800.000 долари од касата на приватното католичко училиште во Торанс, јужно од Лос Анџелес. Со овие пари играла во казино и ги користела на скапи одмори.

Одбраната на обвинетата се изјасни дека сестрата Мери била зависна од коцкање. И кога Надбискупијата во Лос Анџелес побарала образложение од сестрата, таа рекла дека, бидејќи свештениците се подобро платени од калуѓерките, таа требало да добие повишување.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply Cancel reply

Exit mobile version