Излекувана прва жена од СИДА – Применета е трансплантација со матични клетки од крв од папочна врвца

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице.

Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со новата метода која вклучува матични клетки од крв од папочна врвца.

Откако добила крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, форма на рак што се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката сега е во фаза на ремисија и е излекувана од вирусот по 14 месеци.

Двата досега случаи на излекувани од СИДА се однесуваа на мажи, еден бел и еден латиноамериканец, а тие се излекувани преку возрасни матични станици, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина.

Овој случај е дел од поголемо истражување кое третира 25 лица заразени со ХИВ, а кои ќе бидат подложени на трансплантација на коскена срцевина. Сите првично ќе подлежат на хемотерапија за да им се отстранат канцерогените клетки. Потоа ќе им биде пресадена коскена срцевина од луѓе со специфична генска мутација, кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за инфицирање на клетките.

Научниците веруваат дека овие лица потоа ќе развијат имунолошки систем, отпорен на ХИВ.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply Cancel reply

Exit mobile version