Во Египет е силна хомофобијата

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Египет, каде хомосексуалноста е силно стигматизирана, полицијата лови ЛГБТ лица преку интернет, пишува Би-Би-Си, објавувајќи докази и разговори меѓу жртвите и полицијата, кои говорат за тоа како властите користат социјални мрежи и апликации за состаноци за да стигнат до ЛГБТ лицата.

Не постои експлицитен закон против хомосексуалноста во Египет, но кривичното дело „разврат“ – закон за сексуална работа, се користи за криминализирање на ЛГБТ-заедницата.

Според Би-Би-Си, во доставените полициски извештаи за апсење се содржат транскрипти од разговори кои покажуваат дека тамошните власти ги користат апликациите за да бараат ЛГБТ лица, иницираат он-лајн разговори со нивните мети, а во некои случаи дури и фабрикуваат докази против нив.

– Пораснав во Египет и свесен сум за распространетата хомофобија која продира во секој дел од неговото општество. Но, пријателите ми кажуваат дека атмосферата неодамна станала многу побрутална, а тактиката за следење на ЛГБТ-луѓето пософистицирана – изјави за Би-Би-Си, лице кое било таргет на тамошната полиција.

На геј-луѓето во Египет им е исклучително тешко да се сретнат јавно, така што апликациите за запознавање се популарен начин за тоа. Но, само користењето на апликациите, пишуваат од Би-Би-Си, без оглед на вашата сексуалност, може да биде основа за апсење врз основа на поттикнување разврат или закони за јавен морал во Египет.

Share This Article
Exit mobile version