Исчезнала пред речиси 10 години, а убиецот токму сега го признал делото

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шпанската полиција го откри телото на Сибора Гагани, млада жена со албанско потекло и италијанско државјанство, која исчезна во шпанското одморалиште Торемолинос во 2014 година.

Посмртните останки на млада Албанка биле пронајдени скриени во дрвена кутија помеѓу два ѕида од станот што го делелa со италијанскиот државјанин Марко Р.(45) со кој тогаш била во врска.

На 27 мај Марко Р., наводно, ја убил својата девојка во истиот град. Тој побегнал по злосторството, но бил фатен од полицијата, а подоцна наводно го признал убиството на Гагани откако видел фотографија од младата жена на постер за исчезнати лица во станицата.

– Тој употребил киселина за да го уништи телото, по што го заѕидал – стои во полициското соопштение.

Инспекторите го прегледале поткровјето каде парот живеел заедно во 2014 година и со помош на систем за рендген откриле дрвена гајба скриена меѓу два ѕида.

Подоцна внатре биле пронајдени човечки останки и однесени во Институтот за судска медицина за обдукција и идентификација. Иако сѐ уште не се готови резултатите од ДНК тестовите, се чини дека работата е јасна.

Сегашните станари на поткровјето соработувале со истражителите кои неколку пати го пребарале станот со дупчење мали дупки во ѕидовите за да вметнат камери, но безуспешно. Тоа успеале да го направат дури во вторник благодарение на употребата на рендген апарат.

Сибора Гагани (22 години) се преселила на Коста дел Сол со Марко Р. во 2011 година. Исчезнала на 7 јули 2014 година набргу по раскинувањето со него. Оттогаш, нејзините роднини, кои живеат во Италија, не знаеле ништо за тоа каде се наоѓа. Марко Р. тврдел дека девојката наеднаш си заминала без да каже каде оди.

- Advertisement -

Истрагата за нејзиното исчезнување продолжило пред само неколку дена откако Марко Р., наводно, неколку пати ја избодел со нож својата сегашна партнерка (28) во друга куќа во Торемолинос. Соседите повикале полиција откако слушнале гласна расправија, а полицајците го пронашле телото на жената и почнале да трагаат по Марко Р., кој бил пронајден и уапсен шест часа подоцна.

Share This Article
Exit mobile version