Идејата на САД и на Велика Британија ги налути Пекинг и Москва

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот секретар за надворешни работи Ентони Блинкен и неговиот британски колега Дејвид Леми во средата начелно се согласиле САД и Велика Британија да ја подигнат забраната за користење на ракетите „Сторм шадоу“ со дострел од околу 250 километри за цели внатре во Русија, иако официјална одлука нема, пишуваат западните медиуми.

На нивната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев беа кажани неколку нешта, меѓу кои и дека тоа што Русија и Иран „ја ескалираат војната“ со наводната достава на ракети од Иран за Русија, ја сменило дебатата, пишува британски ДејлиТелеграф.

– Зеленски му дал на Блинкен детален план за тоа како Украина може да ги искористи ракетите со долг дострел за да ја нападне Русија и му дал список на можни цели – рече анонимниот советник, додавајќи дека, меѓутоа, „за ова прашање не се донесени никакви одлуки“.

Додека одлуката може да почека до претстојната средба на новиот британски премиер Кир Стармер со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон, реакциите за можната употреба на „Сторм шадоу“ не стивнуваат.

За Блинкен, Путин е тој што ја ексалира војната.

– И сега ја видовме оваа акција на Русија како набавува балистички ракети од Иран, што дополнително ќе ја зајакне нивната агресија во Украина. Значи, ако некој презема ескалаторска акција, се чини дека тоа се Путин и Русија“.

Леми се согласи со Блинкен:

– Путин е тој што ескалира оваа недела со испораката на балистички ракети од Иран и ја гледаме оваа нова оска, Русија, Иран, Северна Кореја. Ја повикуваме Кина да не го фрла својот суд со оваа група отпадници.

Набрзо стигнаа реакциите од Истокот. Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, денеска изјави дека можната употреба на американски ракети на руска територија може да доведе до Трета светска војна.

- Advertisement -

„Американската администрација упорно ги игнорира интересите на Русија. Денес се повеќе се зборува за можноста за гранатирање на руска територија со оружје со долг дострел. Само неколку политичари ја споменуваат можноста за трета светска војна, за која овдешните власти го трасираат патот“, наведе Антонов во пораката на руската дипломатска мисија во САД.

Амбасадорот нагласи дека САД сè повеќе учествуваат во конфликтот во Украина, „прогресивно навлекувајќи се се’ подлабоко во мочуриштето“ на овие непријателства.

Стигна и реакцијата од Пекинг. Генерал-полковникот на кинеската Народноослободителната војска, Хе Ли, на маргините на безбедносниот форум Ксианшан во Пекинг рече дека Пекинг ќе преземе активни мерки за да го спречи распоредувањето на американски ракети со среден дострел во азиско-пацифичкиот регион, изјави генерал.

- Advertisement -

– Ракетите со среден дострел распоредени од САД претставуваат закана за безбедноста на земјите во азиско-пацифичкиот регион. Ние сме силно против оваа акција на САД и ќе преземеме силни мерки да го спречиме тоа – додаде тој.

Ихор Черниев, член на Врховната рада на Украина и шеф на делегацијата на неговата земја во Парламентарното собрание на НАТО, изјави за ЕЈ-Би-Си Њуз дека руските аеродроми и воени складишта ќе бидат на врвот на  листа на цели определана од Киев, доколку навистина се укинат американските ограничувања за користење на АТАКМС.

Дозволата за употреба на „Сторм шадоу“ Киев ја чека од самиот почеток на војната, а Зеленски на Блинкен и Леми им рекол овојпат да донесат „цврста одлука“. Зеленски неодамна изјави дека на Бајден ќе му претстави план што ќе има психолошко влијание во Москва.

Share This Article
Exit mobile version