Иако имал забрана за приближување, ја начекал жртвата и ја претепал

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Осумдневен притвор за лице од Гевгелија кое извршило семејно насилство врз жена со која бил во вонбрачна заедница и имаат две малолетни деца.

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „неизвршување на судска одлука“ од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна заедница и со која имаат две малолетни деца. Додека оштетената заедно со една колешка се враќале од работа, осомничениот ги пресретнал, почнал да ѝ упатува вербални закани на оштетената, да ја турка и да ја удира по лицето. Потоа продолжил да ја удира по телото, ја фатил со рацете за вратот и ѝ ги свиткал рацете со што ѝ нанел телесни повреди – набиеници – информираат од ЈО.

Оттаму истакнуваат дека, на осомничениот, од 26 мај, со правосилно решение на Основен суд Гевгелија донесено во постапка за заштита на правата на оштетената – жртва на семејно насилство, му биле изречени повеќе привремени мерки за заштита од семејно насилство, меѓу кои забрана да ѝ се заканува на оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира и контактира преку социјални мрежи и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри од живеалиштето на жртвата на семејно насилство. Меѓутоа, осомничениот не постапил по правосилната судска одлука.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот и му определил притвор во траење од осум дена.​​

Share This Article
Exit mobile version