Хотелот Гранд Плаза во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиел фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога Словенија и Португалија одиграа пријателски натпревар

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Хотелот Гранд Плаза во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиел фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога Словенија и Португалија одиграа пријателски натпревар. Бидејќи многу фанови не можеа да дојдат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат, управата на хотелот одлучи да го стави креветот на аукција. Почетната цена за креветот на Роналдо е 5.000 евра, а парите ќе бидат наменети за хуманитарни цели, јавува порталот 24UR.

Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојуваше португалскиот фудбалер.

„На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на аукцијата“ – објави порталот.

Словенечкиот портал наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијан Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне обидите да дојдат до него.

Навивачите го чекаа неколку часа на аеродромот „Јоже Пучник“, а потоа и пред хотелот Гранд Плаза, каде што престојуваше со португалската репрезентација.

Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар на стадионот „Стожице“ во Љубљана, Словенците славеа победа од 2-0.

Share This Article
Exit mobile version