Годинава се родија Аника, Инара, Асја, Бора, Арт…

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јана и Софија го делат првото место како најчести женски имиња, а со убедливо водство кај машките имиња е Лука – дури 213 родители си го крстиле детето со тоа име.

Според последните податоците на Државниот завод за статистика, меѓу најпопуларните имиња кај новородените женски бебиња се Јана, Софија, Ана, Мила, Хана, Бисера, Мелек, Алина…, додека кај машките деца најчести имиња се Лука, Дамјан, Михаил, Марко, Ајан, Амар, Хамза….

Како специфични имиња кои родителите им ги даваа на своите новороденчиња се Аника, Инара, Асја, Бора, Дуа, Олег, Јан, Тиар и Арт.

Според Државниот завод за статистика, минатата година се родиле 18.648 бебиња, од кои 9.531 машки и 9.117 женски.

Според месецот на раѓање, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во  јули, дури 1 735. 

Share This Article
Exit mobile version