Две високи поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО

By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Две високи поранешни функционерки од Северна Македонија и од Бугарија се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО, пишува Политико.

Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте веќе ги разгледува биографиите на оние кои би биле негова десна рака. Меѓу нив е и името на поранешната министерка за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска.

Според медиумот, висок дипломат на НАТО од Западна Европа вели дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте.

Разговорот во седиштето на НАТО се фокусира на две поранешни функционерки од Македонија и Бугарија, две балкански земји кои некогаш биле под советска контрола до крајот на Студената војна, пишува Политико.

– Можеби функцијата ќе ѝ припадне на жена од Источна Европа. Не само поради јавниот притисок да се назначи генерален секретар на местото на Руте – изјави поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску.

Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври годинава.

„Доколку биде избрана, таа ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Земјата влезе во НАТО пред четири години, а Шекеринска имаше клучна улога во нејзиното членство. Прозападната Шекеринска моментално е потпретседателка на Партијата на европските социјалисти ширум Европа. Во интервјуто по целосната руска инвазија на Украина, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е „злобен план на Западот“ и рече дека напротив, првично големите членки на НАТО немаа посебен апетит за проширување“, цитира Политико поранешна изјава на Шекеринска.

Медиумот пишува дека Шекеринска одбила да ги коментира информациите за нејзиното назначување како втор човек на НАТО-Алијансата.

Мајда Руге, виш политички соработник во тинк-тенк Европскиот совет за надворешни односи, ја пофали како идеален кандидат.

- Advertisement -

– За следниот заменик-генерален секретар, на НАТО ќе му треба висока личност која е високо компетентна, храбра, паметно размислува за Русија и исто така ги разбира предизвиците во Западен Балкан. Радмила Шекеринска совршено се вклопува во тој профил – рече Руге кој е експерт за балканскиот регион.

Другата кандидатка е поранешна вицепремиерка и поранешна еврокомесарка на Бугарија, Марија Габриел.

И Габриел не одговорила на барањето за коментар.

- Advertisement -

Ниту бугарската ниту македонската делегација во НАТО не ги коментираат можите кандидатури на Шекеринска и Габриел за заменички на Марк Руте. И НАТО одбил да коментира.

Политико понатаму пишува дека Бугарија е во центарот на вниманието поради блиските врски на нејзините политички елити со Русија. Во април, премиерот во заминување Николај Денков предупреди во интервју за Политико дека „Русија ќе стори сѐ што е можно за да го врати своето силно влијание во Бугарија“. Официјална Софија, исто така, склучуваше договори за зајакнување на улогата на Москва како доминантен снабдувач со енергија во југоисточна Европа, и покрај реторичката поддршка на земјата од ЕУ за Украина.

Според Транспаренси Интернешнл, Бугарија е рангирана на 67-то место во светот според нејзиниот Индекс за перцепција на корупцијата, а Македонија е рангирана на 76 место, пишува Политико.

Медиумот пишува дека додека двете кандидатки од Балканот се сметаат за фаворитки, има и други кои му се претсствени на Руте. Поранешниот латвиски премиер Кришјанис Кариш, кој некогаш ја посакуваше функцијата на Руте, се бори да биде негов заменик, според висок латвиски функционер кој сакаше да остане анонимен.

Според двајца дипломати на НАТО, Полска и Турција – и двете со сериозни воени капацитети – размислуваат да понудат свои кандидати. Сепак, Полска е оптоварена од внатрешните борби меѓу претседателот Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск.

Според Лунгеску, важноста на улогата на заменик-генерален секретар е зголемена во текот на последната деценија. Примарната улога на носителот на функцијата е да застане како шеф и да претседава со состаноците на 32-та амбасадори во Северноатлантскиот совет двапати неделно или на кој било итен состанок, вклучувајќи го и Советот НАТО-Украина.

Share This Article
Exit mobile version