Државниот завод за ревизија ќе биде дел од преговарачкиот процес

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска оствари средба со главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски на која беше разговарано за подготвеноста и важноста од вклучување на Државниот завод за ревизија во процесот на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

– Започнавме историски процес, отворени се преговорите и тоа е она на што треба сите да сме фокусирани. Со почетокот на преговорите земјата влегува во друга специфична фаза, која бара вклученост на што поширок круг од општеството – рече Маричиќ на средбата.

Главниот државен ревизор ја потенцираше подготвеноста на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција која со својата експертиза, знаење и професионалност ќе даде значаен и активен придонес преку свои претставници во објаснувачкиот скрининг, особено во поглавјата 5 – Јавни набавки и 3.32 – Финансиска контрола.

На средбата, вицепремиерот за европски прашања ја истакна потребата од максимална посветеност и ангажираност на сите чинители во овој процес, со цел искористување на дадената шанса на патот кон полноправно членство во ЕУ.

– Преговорите и целиот процес на преговори за членство во Унијата е државен и национален проект, кој ќе ја трансформира државата на подобро, а крајниот резултат треба да биде подобар судски систем и законодавство, подобра администрација, подобра државна управа – истакна Маричиќ.

Share This Article
Exit mobile version