Државите ќе се поврзат со нови граничен премин и тунел

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанија и Северна Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, на кој и двете страни работат истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

– Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија за да се спојат на мостот кај Буштрица каде што воедно ќе биде и новиот граничен премин кој ќе биде преку тунел – наведува Балуку.

фото: Белинда Балуку – Фејсбук

По увидот на работите, што се изведуваат од третата фаза од целосната реконструкција и проширување на патниот правец Елбасан – Граничен премин Ќафасан, таа наведува дека проектот предвидува изградба и на два моста, долги 200 метри, кои ќе бидат поврзани со тунел.

Изразувајќи задоволство од динамката на изведување на работите, албанската министерка потсетува дека патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и со сите параметри на патот, како и со минимална брзина на движење од 110 километри на час.

фото: Белинда Балуку – Фејсбук

Ако досега за минување на патот од Ќафасан до Елбасан (50 км) беа потребни 1 час и 30 минути, оваа оддалеченост ќе се минува за само 35 минути.

Проектот почна да се реализира во декември 2022 година, а во јуни годинава дел од овој патен правец, на кој е поставена и потребната патна сигнализација, беше пуштен во употреба за сообраќај.

Share This Article
Exit mobile version