Додик ги нарече лажни наводите на американскиот амбасадор во БиХ

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Chairman of the Presidency of Bosnia and Herzegovina Milorad Dodik listens during a press conference at the European Commission in Brussels, Belgium on March 4, 2019. (Photo by EMMANUEL DUNAND / AFP)

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик ги нарече лага наводите во образложението за новите американски санкции наметнати на компании во сопственост на неговото семејство и најави дека физички ќе се пресмета со америнканскиот амбасадор Мајкл Марфи, пишува Н1.

– Многу лаги, многу претпоставки. Лагата не може да биде политика – вели Додик во интервју за печатеното издание на сараевскиот „Дневни аваз“.

Американската администрација го прошири списокот на санкционирани лица и фирми во сопственост на синот на Додик, Игор , како и голем број компании со седиште во Бања Лука и Лакташи, како и телевизијата УНА.

Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии изјави дека овие компании ја сочинуваат мрежата на главните извори на приход на Додик и на неговото семејство, кои претходно беа под санкции поради поткопување на Дејтонскиот мировен договор, и ги обвини за корупција.

Додик, пак, тврди дека сите обвинувања се неосновани и смешни, а дека локалното Обвинителство во БиХ нема никакви докази за наводното кривично дело.

Како најодговорен за неговиот прогон тој го оцени актуелниот американски амбасадор во БиХ, кого го нарекуваше со различни погрдни имиња. Тој додаде дека и физички ќе се справи со него, наведувајќи како тренирал бокс.

– Би го скршил како играчка. За две минути – рече лидерот на Република Српска.

На забелешката на новинарот дека Марфи не е од истата боксерска категорија, Додик одговори дека „тој е доволно голема будала“.

На прашањето дали на Босна и Херцеговина ѝ се закануваат нови воени конфликти, Додик рече дека тоа треба да се спречи.

- Advertisement -

– Сега треба да се избегне каков било конфликт. Пред еден месец немаше никој во Сараево кој не рече дека ќе има војна. Јас не сум човек на војната – рече тој.

Додик постојано најавува отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина. На неговите најави неколку бошњачки функционери одговорија дека тоа не може да се случи без војна.

Во врска со Резолуцијата на Обединетите Нации(ОН) за Сребреница, лидерот на Република Српска рече дека таа е политизирана, наведувајќи дека таму се случило злосторство и изрази „сожалување и сочувство до семејствата на жртвите“.

- Advertisement -

Во мај, Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се потсетува на геноцидот врз Бошњаците од Сребреница во 1995 година, повикувајќи на почитување на жртвите и фактите утврдени со судски пресуди, како и воспоставување на меѓународен ден за сеќавање на тоа злосторство.

Share This Article
Exit mobile version