Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија (36) се откажа од трансфер во Росарио откако доби смртни закани.
Ди Марија неодамна се прости од репрезентацијата откако со неа ја освои Копа Америка.
Аргентинецот претходно изјави дека сака да ја заврши кариерата во родниот град откако му истече договорот во португалска Бенфика, но се откажа од враќањето во Росарио поради смртните закани упатени до неговото семејство.
Првите закани биле испратени во март додека беше на подготовки со репрезентацијата во. Тогаш неговата сестра на работа добила кутија во која имало свинска глава со куршум во челото.
Аргентинските власти ги опишаа заканите што Ди Марија ги добил како обид за демонстрација на моќ од криминалните организации во Росарио, каде што има зголемување на насилството поврзано со дрога и банди.
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед сега е слободен играч откако ја напушти Бенфика и пропадна трансферот во Росарио.
Ди Марија кариерата ја започна во Росарио, потоа играше за Бенфика, Реал, Јунајтед, ПСЖ и Јувентус, а од јули 2023 година повторно го облече дресот на Бенфика.
фото: EPA-EFE/David Ramos / POOL