Денеска високи температури и големо УВ зрачење,во среда најава за невреме

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Месец јули ќе го отпочнеме со сончево и многу топло време. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.

Share This Article
Exit mobile version