Бујар Османи ги сумира ефектите од министерскиот совет

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Граѓаните да ја вратат самодовербата во институциите на државата, кои што денеска успеаја да ја спасат најкомплицираната организација во светот од пропаст. И ова мислам дека ќе значи една силна инспирација за да се продолжи понатаму, не само да придонесеме во меѓународните политички динамики, туку и во внатрешните предизвици кои што ги има државата, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на завршната прес конференција по 30. Министерски совет на ОБСЕ што изминатите три дена се одржа во Скопје.

– Секое потценување кон нашата дипломатија и потценувањето на нашата држава и нејзините капацитети, од денеска треба да престане и треба да се врати самодовербата во нас – нагласи Османи.

Прашан како успеале Русија да се согласи на консензус за претседателството на Малта со Организацијата, Османи, рече, да бидам нескромен, со умешна дипломатија“.

– До пред неколку дена беше невозможна мисија. Гледајте ги текстовите на меѓународните новински агенции, кои што зборуваа за пропаст на ОБСЕ, дека на ОБСЕ ѝ се гледа крајот, дека нема шанси 57 земји членки, и САД и Русија, да постигнат консензус за едно прашање. И Укриана и Русија. Никој не можеше да претпостави дека не само што ќе имаме консензус по однос на држава претседавач, туку ќе имаме и продолжување на мандатот на четворицата, за кои различни земји имаа различни забелешки по однос на секој од нив. Успеавме преку таа наша истрајна политика, за што сакам да се заблагодарам на дипломатите во Министерството – изјави Османи.

Тој рече дека не биле направени компромиси во однос на принципите и заложбите на ОБСЕ за изборот на Малта за следен претседавач со ОБСЕ.

– Нашиот постојан претставник во ОБСЕ направи исклучително успешна операција на постигнување согласност на ниво на амбасадори, а потоа и на политичко ниво на министри – изјави Османи.

Share This Article
Exit mobile version