Бугарското МНР изразува силна и сериозна загриженост по изгласаните измени на Законот за здруженија и Законот за политички партии во македонското собрание

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарското МНР изразува силна и сериозна загриженост по изгласаните измени на Законот за здруженија и Законот за политички партии во македонското собрание. Целта е велат дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Македонија, што е пак повод е еднострано толкување на историските факти.

„Посебен проблем е одлуката на Собранието на Северна Македонија воопшто да не го вклучи комунизмот како тоталитарна и репресивна идеологија во спроведувањето на усвоените измени. Сè уште нема законска мерка или механизам за рехабилитација и обештетување на убиените и повредените за време на комунистичкиот режим во поранешна СР Македонија, прогонувани и репресирани исклучиво поради нивниот бугарски идентитет“ – се вели во соопштението на бугарското МНР.

Од бугарското МНР потсетуваат дека ограничувања од ваков карактер веќе им биле наметнати на Бугарите во Македонија во минатото. Потсетуваат и на забраната на организацијата „Радко“ во 2001 година. Сметаат дека „Консултативното тело“ на Министерството за правда ќе врши еднострана интерпретација на дадено име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност. Овој пристап, пишува во соопштението на бугарското МНР значи неподготвеноста да се деблокира работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Министерството за надворешни на Бугарија оценува дека овие законски измени го попречуваат ефективно и сеопфатно спроведување на Договорот за добрососедство. Ги повикуваат македонските власти во духот на стратегијата „Едно општество за сите“ да обезбеди услови за претставниците на етничките заедници да ја задржат и развиваат својата култура, идентитет и традиција.

Share This Article
Exit mobile version