Го терале да питачи за да купат дрога

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска донесе наредба за спроведување истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈО, во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот.

Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари, било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот.

Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја консумирале во присуство на детето.

На 14.9.2021 година, наведено е во соопштението на ЈО, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болнива Струга каде му биле констатитрани повреди по главата и телото.

„Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена, стои во соопштението на ЈО. Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку десет години“, информираше Јавното обвинителство.

Фото: МИА

Share This Article
Exit mobile version