Бугарската претстава „Вражалец“ на театарот „Мелпомена“ ќе гостува во повеќе градови во Македонија, а влезот ќе биде слободен

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарската претстава „Вражалец“ на театарот „Мелпомена“ ќе гостува во повеќе градови во Македонија, а влезот ќе биде слободен. Информацијата ја објави фондацијата Бугарска меморија на чие чело е бизнисменот Милен Врабевски.

„Иницијативата е неразделен дел од еден од основните приоритети на фондацијата Бугарска меморија, имено, зближување на народот од Бугарија и Северна Македонија, и подобрување на односите помеѓу двете страни“, пишува фондацијата на Врабевски.

Претставата гостува на први февруари во Народниот тетатар Битола, на втори во Ацо Шопов во Штип и на трети во театарот Антон Панов во Струмица.

Врабевски е познат во јавноста како финансиер на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Share This Article
Exit mobile version