Бразил и Аргентина воведуваат заедничка валута

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бразилскиот и аргентинскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез во заедничко соопштение објавија дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучила и воведување заедничка валута.

Проектот првично би бил билатерален, но идејата е иницијативата на крајот да вклучи и други земји од Јужна Америка.

„Нашата намера е да ги отстраниме бариерите што ја попречуваат нашата размена, да ги поедноставиме и модернизираме правилата и да ја поттикнеме употребата на локалната валута. Исто така, решивме да ги унапредиме дискусиите за воведување заедничка јужноамериканска валута која би можела да се користи и во финансискиот и во комерцијалниот сектор, со што се намалуваат трошоците, како и нашата надворешна ранливост”, се вели во објавата.

Во текот на оваа недела во Буенос Аирес ќе се одржи состанок на кој ќе се разговара за тоа како новата валута, за која се предлага името „сур” (југ), би го зајакнала регионалниот пазар и би ја намалила зависноста од американскиот долар.

Разговорите меѓу Бразил и Аргентина за воведување заедничка валута беа одржани и во 2019 година, но тогаш идејата беше отфрлена од Бразилската централна банка.

Share This Article
Exit mobile version