Бислимовски реферираше пред пратениците што сработила РКЕ

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стабилност и сигурност во испораката на електрична и топлинската енергија беше обезбедена и во услови на голема енергетска криза која што започна во втората половина од 2021 година, а беа прифатени и  предлозите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за намалување на ДДВ и проширување на опфатот на ранливите категории кои добиваат финансиска помош за плаќање на сметките за електрична и топлинска енергија.

Ова се наведува во Годишниот извештај за работа на РКЕ што беше усвоен од Собранието.

Марко Бислимоски, претседател на РКЕ при тоа изјави дека високите берзански цени на енергенсите минатата година неколку кратно се зголемија поради што по 12 години се создадоа предуслови да се активира во погон ладната резерва ТЕЦ Неготино.

– Тоа овозможи дел од потребната електрична енергија да се обезбеди од домашно производство наместо од увоз. Како една од мерките за справување со енергетската криза, се донесе одлука наместо задолжителните 70 отсто, ЕСМ да испорачува 100 отсто од потребната електрична енергија за домаќинствата по цена од 41 евро за мегават час во услови кога берзанската цена на електричната енергија достигнуваше до 450 евра за мегават час – рече Бислимоски.

Тој рече и дека минатата година цените на сите енергенси го достигнаа историскиот пик. Природниот гас од 300 долари за нормален кубен метар достигна цена до 1.800 долари за нормален кубен метар. Електричната енергија постигна цена од фантастични 450 евра за мегават час за разлика од цените пред кризата кои достигнуваа од 55 до 65 евра за мегават час. Кај нафтените деривати се регистрираше поскапување за околу 70 отсто на берзите во однос на крајот на 2020 година.

-Берзанските цени на овие енергенси и денес се околу 4 пати повисоки од цените пред кризата и се очекува да се стабилизираат на одредено повисоко ниво во однос на нивото пред кризата- рече тоој.

Share This Article
Exit mobile version