Бислимовски дневно ќе има на располагање 5.500 евра

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница.

За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат највисок износ на расходни во однос на претходните години.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска потенцира дека и покрај кризата во државата, Владата дала позитивно мислење за финансискиот план на РКЕ, според кој е предвидено ова регулаторно тело дневно да има на располагање околу 5.500 евра.

– РКЕ за 2022 година предвидела да троши за кафе 83 евра на ден. РКЕ предвидела 30 проценти поскапа струја и 39 отсто повеќе за бензин и нафта. Таа предвидела 1.700 евра месечно за одржување на зградата, а објектот е нов, дел од проектот „Скопје 2014“. Како тоа ви се потребни 450.000 денари за печатарски услуги? РКЕ предвидела и четири милиони денари за службени патувања, рече Ласовска, додавајќи дека во државата над 500.000 граѓани живеат со две евра на ден.

Таа упати критика и за работењето на РЕК „Битола“, која го намалила производството на струја за половина.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски реплицирајќи и на Ласовска рече Комисијата набавува струја од слободниот пазар за енергија, каде што цената е зголемена, а со тоа се зголемени и предвидените средства за електрична енергија.

– РКЕ ја регулира цената за домаќинствата и малите потрошувачи и точно е од 1 јануари 2022 година цената на електричната енергија се зголеми за 9,48 отсто. Набавка на електрична енергија на слободен пазар нема никаква врска со регулиран пазар на електрична енергија. Би било добро да не ги мешаме тие две работи. Во однос на одржувањето на зградата, сакам да кажам дека таа нема употребна дозвола. Институциите не дозволуваат да добиеме употребна дозвола, бидејќи зградата е изградена без соодветно сообраќајно решение. Зградата се распаѓа, тече од сите страни вода на секој дожд. Не протекува само кога не врне, вели Бислимовски.

За забелешките за неговото патување во Хрватска, Бислимовски рече дека таму патувал со свое возило, а сместувањето било во организација на ЕК. – Тоа патување РКЕ ја чини нула денари, вели Бислимовски.

Тој потенцира дека во Финансискиот план за 2022 година, има зголемени трошоци само таму каде што не може да влијае РКЕ.

- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски му порача на Бислимовски дека тој како експерт „не дал ниту еден предолг како да се спречат поскапувањата на електричната енергија“ и само „го аминува тоа што ќе му го кажат од Владата“.

Мартин Костовски од СДСМ забележа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цело време зборуваат за Бислимовски дека е партиски човек, а за РКЕ дека е партиско тело.

– Факт е дека ова е најтешката енергетска година во последната деценија, како во нашата земја така и во опкружувањето. Интензивно се наоѓаме во енергетската криза и во глобални рамки. Можеби повторно треба да споменеме за ковид-кризата и за воениот конфликт во Украина. Ценовните притисоци од глобалните пазари кои започнаа во 2021 година, се прелеаја и во националните економии, рече Костовски, кој објасни дека многу работи кои се случиле на глобален план влијаеле на создавање на енергетската криза, а со тоа и зголемување на цената на струјата.

- Advertisement -

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски им даде на пратениците еден час пауза, по што ќе продолжи дебатата за финансискиот план на РКЕ.

Share This Article
Exit mobile version