Авионот со 72 лица искршен на парчиња: Спасувачката операција е во тек, пронајдени се 16 тела

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Авион со 72 лица се урна на аеродромот Похара во Непал. Досега се пронајдени телата на 16 мртви лица.

Авионот на „Јети ерлајнс“ летал од Катманду кон Покара кога се урнал при слетувањето, а потоа се запалил. Во авионот имало 68 патници, од кои десет странци и четворица членови на екипажот.

Непал, исто така, ја вклучи армијата во спасувачката операција во туристичкиот град. Досега се пронајдени 16 тела.

„Очекуваме да најдеме уште тела“, изјави воениот портпарол, додавајќи дека авионот е скршен на парчиња, јави Би-Би-Си.

Премиерот Пушпа Камал Дахал свика итен состанок на неговиот кабинет и ги повика државните агенции да соработуваат за време на операцијата за спасување.

Share This Article
Exit mobile version