Американска разузнавачка дава три причини против оваа идеја

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ЦИА не би сакала и не би можела да нарача директен атентат врз Владимир Путин како што тоа го направи со Осама Бин Ладен и други личности од три причини, пишува за Њујорк Пост Ребека Кофлер, поранешна разузнавачка која специјализирала во врска со Русија. Прво Кофлер вели дека тоа е спротивно на уставот на САД, второ, атентатот би било многу тешко да се изведе поради заштитата која Путин ја ужива и трето вели таа – тој се спремал за сценарио за атентат многу добро и многу долго време.

Во однос на Осама Бин Ладен разузнавачката вели дека убиството било можно бидејќи тој бил сметан за непосредна закана за САД.

„Прво, Уставот на САД забранува употреба на смртоносна сила надвор од зоните на вооружени конфликти, освен ако не се користи против поединец кој претставува конкретна, непосредна закана од сериозна штета за Соединетите држави и учествува во непријателства против татковината – и само како последно средство. Путин не го исполнува ова барање“.

Кофлер потоа ги спомнува случаите на Фидел Кастро кој 235 години бил мета на ЦИА, доминиканскиот диктатор Рафаел Трухило. Агенцијата користела смртоносни вируси, експлозивни пури и други тактики од типот на шпионски трилер.

„Околу 1954 година, ЦИА имаше 58 имиња на својата „А“ листа на оние што требаше да бидат убиени, како дел од нејзината тајна програма од 2,7 милиони долари со кодно име PBSUCCESS , чија цел беше соборување на гватемалскиот претседател Јакобо Арбенц. Но, по извршната наредба на претседателот Џералд Форд од 1976 година, која забрани политички убиства од страна на вработени во американската влада, агенцијата во голема мера се извлече од оваа валкана работа. Една година претходно, извештајот на 89 страници насловен како „Резиме на фактите – истрага за вмешаноста на ЦИА во плановите за атентат на странски лидери беше отстранет од Националниот архив“, пишува разузнавачката.

Во однос на тоа колку добро Путин го чуваат, Кофлер потсетува на Росгвардија, специјален огранок кој се состои од елитни војници со децениска служба во безбедноста и контраразузнавањето, предводен од Виктор Золотов, блискиот сојузник на Путин и колега поранешен оперативец на КГБ.

На Кофлер и на нејзин колега разузнавач им била дадена вежба да анализираат што би се случило во случај Путин да биде нападнат од агенти на ЦИА.

„Јас и мојот колега оценивме дека Путин ќе се обиде да побегне, наместо да се самоубие или капитулира. Шпионскиот господар веројатно развил повеќе сценарија за неговото бегство и ако планот А не функционира, тој би го извршил планот Б, а потоа планот Ц“, вели таа.

„Врз основа на неговиот психолошки профил , Путин најверојатно ќе возврати, наместо да се откаже. Неговата хипердоверба и ароганција го предодредуваат да верува дека може да надмудри секого. Доколку животот му бил во опасност, веројатно на лице место би можел да дојде до решение за кое никој досега не размислувал“, објаснува Кофлер.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version