Џо Џонас ја преболе актерката, „уловен“ со манекенка на одмор

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерката Софи Тарнер (27) неодамна беше фотографирана во Лондон со нејзината блиска пријателка Табита Доерти. Откако излегле од кафулето, тие се поздравиле, а потоа се бакнале, а ништо немало да биде необично доколку девојките не се бакнувале директно во уста.

А малку порано Софи беше забележана со наводното ново момче во Париз. Токму таму актерката беше фотографирана како се бакнува со англискиот благородник Перегрин Пирсон (29). Софи изгледаше среќно и не ја криеше насмевката додека се држеа за рака, а парот за првпат беше забележан заедно кон крајот на октомври.

Во септември, Џо Џонас (34) поднесе барање за развод од актерката, четири години по нивната венчавка. А откако се смирија меѓусебните обвинувања, пејачот реши да замине на одмор во друштво на манекенката Сторми Бри. Двојката беше фотографирана заедно на зимски одмор во Аспен, Колорадо. Џо и Сторми вечераа заедно во „Каза Туа Аспен“.

 

Она што особено го врзува овој потенцијален нов пар е тоа што и двајцата се родители. Додека Џонас има две ќерки од бракот со Софи, моделот Сторми Бри, чие вистинско име е Сторми Хенли има и ќерка од претходната врска со колегата Лаки Блу.

Сè уште не е официјално дали овој пар е во врска, но како што пренесува „Пејџ сикс“, на улиците на Аспен делувале многу интимно. Само неколку дена пред ова патување, Џо и неговите браќа Кевин и Ник, со кои го сочинуваат бендот „Џонас брадрс“, имаа настап за Нова година на приватна забава во Кабо Сент Лукас.

 

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version