Не можат сите лидери да преговараат за Украина, рече Владимир Зеленски на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесува РИА Новости.
Вака тој одговори на прашањето за состаноците на унгарскиот премиер Виктор Орбан со различни светски лидери на кои се разговара за украинскиот конфликт.
– Мора да разбереме дека не можат сите лидери да преговараат. За да го направите ова, треба да имате одредена сила и авторитет… – порача Зеленски.
Орбан, чија земја претседава со Европската унија, на почетокот на јули ги посети Украина, Русија и Кина. Посетата на Москва и преговорите со претседателот Владимир Путин потоа предизвикаа остри критики од западните лидери.
Орбан подоцна се состана со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на имотот Мар-а-Лаго во Флорида по самитот на НАТО.
Истовремено, весникот „Гардијан“ пишува дека унгарскиот премиер не побарал билатерална средба со актуелниот американски лидер Џо Бајден и генерално на секој можен начин го избегнувал на тој настан.