Истрага за синот што го уби таткото

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

„При вршење семејно насилство, на 7 ноември, осомничениот го лишил од живот сопствениот татко, нанесувајќи му повеќе убодни рани со нож по телото и главата. Кога оштетениот се обидел да се одбрани, движејќи се кон ходникот, паднал на подот, а осомничениот продолжил да му нанесува убоди по целото тело додека не починал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат законски основи кои укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на постапката и за обезбедување на присуството на осомничениот“, се наведува во соошштението.

Share This Article