Зеленски вели дека по референдумите нема за што да се преговара

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека штотуку завршените „лажни референдуми“ и обидите за анексија на украинска територија на Русија исклучуваат какви било разговори со Москва се додека Владимир Путин останува претседател и повика на „целосна изолација“ на Русија и нови остри глобални санкции, јавува Ројтерс повикувајќи се на Асошиејтед Прес.

Обраќајќи се до Советот за безбедност на Обединетите Нации преку видео-врска, Зеленски повика на дополнителна воена и финансиска поддршка за одбраната на Украина „за да загуби агресорот“ и „јасни и правно обврзувачки гаранции за колективна безбедност“ за неговата земја како одговор на наместени референдуми.

Украина свика итен состанок на Советот за безбедност за да одговори на референдумите и очекуваните најави за анексија од Русија.

– Секоја анексија во современиот свет е злосторство, злосторство против сите земји кои сметаат дека неприкосновеноста на границата е од витално значење – рече Зеленски.

Тој ја обвини Русија за уништување на „главниот дел од меѓународното право“ и за тоа дека таа „одговара на сите предлози за разговори со нова бруталност на бојното поле, со уште поголема криза и закани за Украина и за светот“.

– Признавањето на овие лажни референдуми од Русија како нормални, спроведувањето на таканареченото кримско сценарио и уште еден обид за анексија на украинска територија ќе значат дека нема што да се разговара со овој руски претседател – заклучува Зеленски.

Тој посочи дека „анексијата е еден вид потег што го става (Путин) сам против целото човештво“.

Многу членови на Советот за безбедност на ОН ги осудија референдумите и истакнаа дека било каква анексија на територијата никогаш нема да биде признаена.

Американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд најави дека САД и Албанија наскоро ќе достават резолуција до Советот за безбедност со која се осудуваат „лажните референдуми“, повикувајќи ги сите земји да не признаат каков било променет статус на Украина и барајќи итно повлекување на руските трупи од Украина.

- Advertisement -

Резолуцијата сигурно ќе се соочи со руско вето, „но се надеваме дека остатокот од Советот ќе биде силен и ќе одбие да го прифати преминот“, рече таа.

Американската амбасадорка рече дека очекува гласање во Советот за безбедност за резолуцијата кон крајот на оваа или почетокот на следната недела.

Share This Article
Exit mobile version