Зеленски исмеан од бразилскиот претседател

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, на синоќешната прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „украинскиот народ ги ставил своите надежи во рацете на комичар“.

Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот, додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.

– Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со сѐ што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски – рече Болсонаро.

Бразилскиот претседател додаде дека разговарал со Путин два часа, но бразилскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека Болсонаро всушност зборувал за посетата на Москва претходно овој месец.

Share This Article
Exit mobile version