Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најавуваат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје утре

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најавуваат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје утре, 17 ноември 2023, во 11 часот.

„Да го кренеме гласот против судската пракса воведена со пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија со која судот си додели улога да одредува кој смее, а кој не смее да биде новинар. Судот нема право да утврдува кои онлајн медиуми и граѓански организации смеат да се бават со новинарство“, се наведува во повикот на двете здруженија.

Збирно место за протестот е платото пред Младинскиот културен центар во 10:40 часот, од каде демонстрантите ќе се упатат пред Граѓанскиот суд.

Share This Article
Exit mobile version