Затворен е патот од Горно Коњари до Кривогаштани

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2 Август, кој традиционално се одбележува во Крушево информира дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Прилеп – Крушево, истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани.

За доаѓање на манифестација во Крушево на 1 и 2 август треба да се користат патните правци: Прилеп – Битола – по регионален пат Р1305 до Демир Хисар кон Крушево, и Кичево по регионален пат Р1305 до клучка Сладуево (Демир Хисар) по регионален пат Р1306 до Крушево.

Share This Article
Exit mobile version